Дончиќ имаше важен гостин - Новак Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ беше главниот играч на Лос Анџелес Лејкерс во победата над Сакраменто, а мотив плус за него беше тоа што од трибините го гледаше најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ во САД е поради турнирот Индијан Велс, а моментот го искористи и за да пости НБА меч.

Лука Дончиќ беше пресреќен што Новак Ѓоковиќ беше присутен во салата. По мечот тој не го криеше воодушевувањето.

„За мене тој е најголемиот на сите времиња. Тоа што беше тука и што ме гледаше... чувството кај мене беше неверојатно. Разговаравме, најверојатно ќе се видиме подоцна, возбуден сум што дојде и што имав можност да разговарам со него“, изјави Дончиќ на прес-конференцијата по мечот.