Дончиќ играше со патики посветени на Коби: Ова беше најтешкиот меч во мојата кариера (ФОТО)

Далас маверикс синоќа на гости успеаа да слават против Оклахома сити тандер со 107-97, а повторно најдобар на паркетот беше Лука Дончиќ.

Дончиќ постигна 29 поени и додаде 11 скокови и пет асистенции, иако не беше премногу фокусиран на натпреварот затоа што го погоди смртта на неговиот идол Коби Брајант.

Кошаркарот на Далас реши да го одигра мечот во чест на Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија, која беше меѓу жртвите.

Словенечкиот кошаркар ги испиша нивните имиња на своите патики, но исто така се сети и на останатите настрадани во трагедијата.

„Ова беше мојот најтежок меч во кариерата. Уште не верувам. Секогаш ќе останеш со нас“, порача Дончиќ.

Останати резултати:

Детроит – Кливленд 100-115
Мајами – Орландо 113-92
Чикаго – Сан Антонио 110-109
Минесота – Сакраменто 129-133
Јута – Хјустон 117-126