
Дончиќ и Леброн повторно немоќни, пораз и од Орландо (ВИДЕО)
Магичните се тимот кој постигнува најмалку поени во просек оваа сезона, но и тие изгледаа пресилно за Лејкерс кој беше комплетен.
Во составот на Лејкерс, Лука Дончиќ беше најефикасен со 32 поени, толку постигна и Вагнер кај Орландо, Бакеро даде 30 поени за домаќините, а Леброн мечот го заврши со 24 поени.
Нов пораз доживеа и Денвер кој загуби на свој терен од Чикаго со 129-119. На поранешниот шампион тешко му оди без Никола Јокиќ кој е надвор од теренот поради повреда.
Вајт имаше своја вечер во составот на Чикаго постигнувајќи 37 поени, најефикасен кај Денвер беше Мареј со 28 поени.
Резултати:
Индијана - Минесота 119-103
Орландо - ЛА Лејкерс 118-106
Вашингтон - Торонто 104-112
Бруклин - Далас 101-120
Њу Орлеанс - Филаделфија 112-99
Денвер - Чикаго 119-129
Феникс - Милвоки 108-106
Сакраменто - Бостон 95-113