Дончиќ го растури Орландо, па ги навредуваше на германски јазик браќата Вагнер (ВИДЕО)
Гостинскиот тим играше без својот најдобар играч Паоло Банкеро кој долго време ќе отсуствува од терените, па уште пред мечот беше јасно дека нема да има сили за посериозен отпор. Затоа, резултатската неизвесност траеше само во првата четвртина која му припадна на Далас со 29-22 по што Орландо целосно се предаде.
Со серија од 10-4, потоа и 13-2, домашниот тим се одлепи од противникот и во еден момент поведе и со 29 поени разлика (60-31). До крајот на мечот предност одеше и над 30 поени, за во самиот финиш Орландо да се доближи на пристојна разлика.
Блескаше Лука Дончиќ кој постигна 32 поена, 9 скока и 7 асистенции и беше убедливо најдобар играч на мечот и сето тоа за помалку од 32 минути во игра. Добро е познат неговиот компетитивен дух, па дури и во услови кога неговиот тим доминираше, стигна да влезе во конфликт со противничките ѕвезди Франц и Мориц Вагнер. Неколку пати ги навреди на германски јазик поради што и доби техничка грешка, а по мечот не сакаше да каже што точно им кажал.
„Ги слушнав дека зборуваат на германски, па и јас им реков некои работи. Прашајте го Макси Клебер што им кажав. Пет години учев германски јазик на училиште и не сум го заборавил“, рече Дончиќ на прес-конференцијата по мечот на која имаше и комплименти за браќата Вагнер и за германската репрезентација која лани стана светски шампион.
Следниот зад него во екипата на Далас постигна 18 поени, а најефикасен кај Орландо беше Франц Вагнер со 13. За Меџик ова е трет пораз во низа, но може да се очекува лошите резултати да продолжат со оглед на проблемите во тимот.
РЕЗУЛТАТИ
Бруклин - Детроит 92-106
Њу Орлеанс - Атланта 111-126
Далас - Орландо 108-85