Дончиќ е незапирлив, направи нешто кое им успеало само на Џордан и Леброн (ВИДЕО)

Повредата на скочниот зглоб не остави никаква трага врз Лука Дончиќ, напротив Словенецот со блексава партија во која постигна 53 поени го предводеше Далас до победа над Детроит од 111:105.

Лука Дончиќ продолжува со брилијантните изданија оваа сезона, словенечкиот кошаркар доминираше на мечот против Детроит кој беше решен во последната четвртина која Далас со пресврт дојде до победа од шест поени разлика.

Дончиќ постигна 53 поени, имаше осум скокови и пет асистенции. Во последните 50 години 5+ натпревари со 50+ поени во првите пет сезони одиграле само Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

На спротивната страна, во составот на Детроит, најдобар беше Богдановиќ кој постигна 29 поени.

Резултати:
Филаделфија - Орландо 109:119
Бруклин - ЛА Лејкерс 121:104
Минесота - Сакраменто 111:118
Оклахома - Голден стејт 120:128
Сан Антонио - Вашингтон 106:127
Далас - Детроит 111:105
Феникс - Торонто 114:106
Портланд - Атланта 129:125