Доби 90 милиони евра без да одигра секунда на паркетот, а сега се сели во Клиперс

Договорот на Џон Вол со години беше најлош во НБА-лигата, а кошаркарот реши да не ја продолжи соработката со Хјустон рокетс, иако можеше да заработи 47,7 милиони долари во следната сезона.

Вол ќе го засили Лос Анџелес клиперс со кој се договори за едногодишна соработка, но засега не е познато колку пари ќе заработи за неговата нова авантура.

Кошаркарот беше голема ѕвезда на Вашингтон визардс, кога потпиша „супермакс“ договор во 2019 година, но потоа се повреди.

Вол требаше да добие 170 милиони долари и да биде предводник на тимот, но поради повреда ги пропушти 2019/20 и 2021/22 и заработи 90 милиони долари.