Дивац: Јокиќ е најдобриот кошаркар од Европа во историјата!

Поранешниот кошаркар Владе Дивац даде интервју за хрватските медиуми во кое го избра Никола Јокиќ за најдобар европски кошаркар во историјата.

Дивац смета дека бројките се во корист на српскиот кошаркар од редовите на Денвер нагетс.

„Бројките така велат, резултатите тоа го потврдуваат. Според тоа, мислам дека нема дилеми. Јокиќ е најдобриот кошаркар од Европа во историјата“, кажа Дивац.