„Дежа ви“: Првото забивање на Џејмс за Лејкерс, идентично како и неговото прво во НБА (ВИДЕО)

Леброн Џејмс кариерата во дресот на Лос Анџелес лејкерс ја започна со пораз на гостувањето кај Портланд и со 26 поени зад своето име.

Суперстарот првите поени за новиот тим ги постигна со забивање во контра, а интересна коинциденција е дека на идентичен начин ги постигна и првите поени во дебито во НБА-лигата во дресот на Кливленд кавалирс.