Денвер без Јокиќ го победи Далас, шоу на Кари против Хјустон (ВИДЕО)

Далас и Денвер одиграа втор натпревар по ред, овојпат славеа гостите со 97-98 и тоа без Никола Јокиќ, Стеф Кари и Клеј Томпсон го предводеа Голден стејт до гостински триумф кај Хјустон од 120-127.

Денвер му се реваншираше на Далас за поразот од пред два дена. За разлика од тој меч, синоќешниот натпревар беше многу понеизвесен. Лука Дончиќ во последната секунда промаши шут за победа.
 
Во отсуство на Јокиќ, најефикасен кај Денвер беше Хајленд со 29 поени. Најмногу поени кај Далас имаше Грин, 23, Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, девет скока и осум асистенции.

Клеј Томпсон и Стеф Кари имаа брлијантна партија на гостувањето кај Хјустон, заедно постигнаа 74 поени. Томпсон реализираше 41, Кари 33.
 
Стеф Кари покрај 33. поени, имаше и 15 асистенции. Тој со 34 години и 251 ден стана вториот најстар кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 30+ поени и имал 15+ асистенции на еден натпревар.

Погледнете ја и оваа импресивна тројка на Кари:
 
 
Резултати:
 
Феникс - Њујорк 116:95
Сакраменто - Детроит 137:129
Вашингтон - Шарлот 106:102
Бруклин - Мемфис 127:115
Кливленд - Мајами 113:87
Хјустон - Голден стејт 120:127
Далас - Денвер 97:98
ЛА Лејкерс - Сан Антонио 123:92