Дејвис одлучил да потпише максимален договор со Лејкерс

Ентони Дејвис во понеделникот ги информираше челниците на Лос Анџелес лејкерс дека го одбива загарантираниот договор што му следува за следната сезона вреден 28 милион долари. 

Центарот ја искористи опцијата да стане слободен агент и за момент ги исплаши навивачите на шампионот. Сепак, центарот има намера повторно да потпише со Лејкерс, но тоа нема да се случи веднаш.

Наводно, тој ќе остави простор од две недели за да размисли за структурата на договорот. Кошаркарот веројатно ќе се ценка за да добие што е можно повеќе пари. Шпекулациите се дека Лејкерс ќе му понудат петгодишен максимален договор со плата над 40 милиони долари годишно. 

Тоа би го направило најплатен играч во ростерот на Лејкерс, бидејќи Леброн Џејмс моментално заработува 35 милиони долари по сезона.