Далас и Дончиќ загубија од шампионот, Јокиќ го предводеше Денвер до триумф над Вашингтон (ВИДЕО)

Далас на свој терен загуби од Голден стејт со 127-125 и ќе води жестока битка до крај за пласман во плејофот, Денвер на гостински терен го победи Вашингтон со убедливи 118-104.

Мечот меѓу Далас и Голден стејт беше исклучително неизвесен, двете екипи се менуваа во водство, а ниту една не успеа да дојде до двоцифрена предност во ниту еден момент, на крајот шампионот славеше со 127-125.

Лука Дончиќ беше најдобар на теренот со 30 поени и 17 асистенции, имаше и седум скокови. Кај Голден стејт најефикасен беше Куминга со 22 поени, а најдобар беше Кари кој покрај тоа што постигна 20 поени имаше и 13 асистенции.

Денвер кој веќе има обезбедено место во плејофот, лесно со 118-104 победи на гостувањето кај Вашингтон. Никола Јокиќ со 31 поен и 12 скокови беше најдобар на теренот, Србинот запиша и седум асистенции. Кај Вашингтон, најдобар беше Порзингис со 25 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон - Денвер 104-118, Далас - Голден стејт 125-127, Мајами - Њујорк 127-120, Торонто - Индијана 114-118, Чикаго - Филаделфија 91-116, Мемфис - Хјустон 130-125, Милвоки - Сан Антонио 130-94, Минесота - Атланта 125-124, Јута - Портланд 115-127, ЛА Лејкерс - Феникс 122-111.