Чудесниот Јокиќ не запира, игра во МВП форма - израмни и нов рекорд! (ВИДЕО)
Денвер на свој терен славеше убедлива победа над Њу Олренас со 122-88, а Јокиќ во својот четврти натпревар од почетокот на сезоната го запиша и својот четврти трипл-дабл.
На теренот Јокиќ поминаа 28 минути и во тој период оствари учинок од 21 поен, 12 скока и 10 асистенции.
Со ваквиоот старт на сезонат,а Јокиќ се израмни со Осар Робертсон кој четири трипл-дабл во првите четири натпревари имаше во сезоната 1961/62 и Расел Вестбрук кој тоа го направи во сезоната 2020/2021.
Така Јокиќ сега ќе има прилика да остане сам на врвот, ако и во наредниот натпревар кој се игра ноќта помеѓу петок и сабота против Портланд упсее да дојде до трипл-дабл.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бостон - Кливлен 125-105
Детроит - Орлтандо 135-116
Бруклин - Атланта 112-117
Чикаго - Сакраменто 126-113
Далас - Индијана 107-105
Денвер - Њу Орлеанс 122-88
Јута - Портланд 134-136
Минесота - Лејкес 115-116
Феникс - Мемфис 113-114
Фото: Denver Nuggets