Чудна тензија во Реал, играчите на го сакаат Чаби Алонсо: Мисли дека е Гвардиола...
Сепак, новиот тренер на тимот Чаби Алонсо не е омилен кај фудбалерите на Реал и медиумите во Шпанија откриваат дека има тензија во соблекувалната, предизвикана од него. Дури пренесуваат неформален разговор со еден од поискусните во екипата кој нема добро мислење за шпанскиот стручњак кој летоска го замени Карло Анчелоти.
„Мисли дека е Пеп Гвардиола, а во моментов повеќе е како Чави“, наводно рекол фудбалерот, а открил негов близок пријател.
Не е исклучено револтот на дел од играчите да е предизвикан од промената во нивниот статус во екипата. Чаби Алонсо од своето доаѓање посочува дека кај него нема привилегирани поради што често е на удар кај Винисиус, Белингам и уште некои затоа што не играат по 90 минути.