Бол флертуваше со трипл-дабл, а Вучевиќ одигра како – вонземјанин! (ВИДЕО)

Фантастичните партии на дебитантот Лонзо Бол и на црногорскиот интернационалец Никола Вичевиќ ја одбележаа минатата вечер во НБА-лигата.

Во својот втор натпревар во најсилната лига на светот, Бол покажа зошто е сметан за еден од идните легенди на ова натпреварување, реализирајќи 29 поени, 11 скока и девет асистенции во триумфот на ЛА лејкерс во пресметката со Феникс санс (132-130). Тој за малку ја пропушти можноста со 19 години да стане најмладиот што остварил трипл-дабл ефект во меч од НБА-лигата.

 

 

Репрезентативецот на Црна Гора, пак, беше незапирлив во дресот на Орландо меџик во пресметката со Бруклин нетс, но тоа, сепак, не беше доволно за триумф на неговиот тим (121-126). Вучевиќ постигна 44 поени со само пет промашени шута и учинок 6/8 за три поени, а на кои додаде и 12 скока.

Прва победа во новата сезона оствари актуелниот шампион Голден стејт вориорс и тоа на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс (128-120). Стеф Кари и Томсон постигнаа по 23, а Дурент реализира 22 поени. Два од два на стартот од сезоната има нивниот ривал од плејоф-финалето, тимот на Кливленд кавалирс, кој беше подобар на гостувањето кај Милвоки бакс (116-97), со учинок на Леброн Џејмс со 24 поени и на Кевин Лов со 17 поени и 12 скока.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Атланта 109-91

Индијана – Портланд 96-114

Милвоки – Кливленд 97-116

Филаделфија – Бостон 92-102

Вашингтон – Детроит 115-111

Бруклин – Орландо 126-121

Минесота – Јута 100-97

Далас – Сакраменто 88-93

Њу Орлеанс – Г. Стејт 120-128

Феникс – ЛА Лејкерс 1310-132