Букер со кош во последната секунда го урна Клиперс, важна победа за Портланд (ВИДЕО)

Девин Букер со кош во последната секунда за Феникс Санс го урна вториот најдобар тим на Западот, ЛА Клиперс во супервозбудливиот меч од завршницата од регуларната сезона во НБА-лигата, која се игра во Дизниленд поради пандемијата со коронавирус.

Санс славеше со 117-115, а Букер беше човек за сè. Даде 35 поени, а клучната тројка преку Пол Џорџ во последната секунда за триумф.

Ти-Џеј Ворен откако се рестартираше сезоната во НБА е неверојатен. Има просек од близу 40 поени по рестартот, а синоќа изедначи рекорд на Џерменј О'Нил од три последователни меча со кошгетерски ефект. Првиот меч му беше со 53, сега на Орландо му даде 32 и е главна ѕвезда на Индијана.

Портланд остана во трка за место во плејофот после победата над Хјустон со 110-102 и сега се деветти, со победа ипол помалку од Менфис во трката за последната карта за плејофот. Кармело Ентони со тројка во завршницата го скрши Портланд од своите 14 поени синоќа, а прв предводник беше Лилард со 21 поен од кои осум во завршниот период.

РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Милвоки 119-116
Далас – Сакраменто 114-110 по продолженија
Феникс – Клиперс 117-115
Орландо – Индијана 109-120
Бостон – Мајами 106-112
Портланд – Хјустон 110-102