Бруклин испишува историја на Западот, Јокиќ „скромен“ во поразот од Атланта (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бруклин нетс со ноќешниот триумф кај ЛА Клиперс (112-108) дојде до шестиот триумф во низа, а петти по ред на турнејата по Западот, што е најдобро остварување на еден источен тим во последните 11 години.

Серијата на тимот од предградието на Њујорк почна против Голден стејт, а продолжи со Сакраменто, Феникс, ЛА Клиперс и сега со Клиперс. Џејмс Харден беше најефикасен кај „мрежичките“ со 37 поени и 11 скока, додека Кајри Ирвинг дополни со 28 поени. Пол Џорџ со 34 поени и Каваи Ленард со 29 поени и 13 скока беа најдобри кај „клиперси“.

Денвер нагетс го претрпе 14. пораз сезонава и тоа на гостувањето кај Атланта хокс (115-123), најмногу поради релативно скромната, за негов стандард, партија со 15 поени и 10 скока. Тре Јанг ги предводеше „јастребите“ со 35 поени и 15 асистенции, додека Клинт Капела додаде 22 поени и 10 скока. Џамал Мари беше првото име кај тимот од Колорадо со 30 поени и по четири скока и асистенции.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Оклахома 101-117, Њујорк – Минесота 103-99, Орландо – Детроит 105-96, Торонто – Филаделфија 110-103, Атланта – Денвер 123-115, ЛА Клиперс – Бруклин 108-112, Милвоки – Сакраменто 128-115.