Босанецот Нуркиќ со лакт буквално го нокаутира Јокиќ (ВИДЕО)

Пресметката помеѓу Никола Јокиќ и Јусуф Нуркиќ во синоќешниот триумф на Денвер нагетс против Феникс санс (119-111) утринава е главна вест во балканските медиуми, со оглед на одличната игра на двајцата, но и неколкуте контроверзни ситуации поврзани со нивните потези и одлуките на судиите.

Босанецот набрзо откако го доби петтиот прекршок на сомнителен начин и во ситуација кога, според многумина, требаше да има фаул врз него, во обид да ја намали негативата од 111-114 во последната минута влезе во центарски дуел со српскиот противник. Но, при вртењето за да шутира, тој (не)намерно го крена лактот на десната рака кој заврши директно во лицето на Јокиќ, кој како грогиран боксер заврши на паркетот.

Ова беше клучниот момент на средбата, бидејќи Феникс тогаш остана без својот најдобар кошаркар, а Денвер доби можност без мака да ја зголеми предноста, што на крајот се покажа како клучно за успехот.