„Бомба“ во НБА: Јокиќ се сели кај Дончиќ во Лејкерс!?
Ирвин реагираше по трејдот на Пејтон Вотсон во Кливленд, при што посочи дека Денвер на некој начин го „предале“ Јокиќ со овој гест и поради тоа Србинот би можел да го напушти клубот.
„Врската со Лејкерс е многу јасна. Тоа е Дончиќ, кој е голем пријател со Никола. Исто така, имаа можност да соработуваат заедно. Двајцата мислам дека гледаат кон 2028 година, кога би можеле да донесат одлуки со кои би заиграле заедно“, кажа Ирвин.
Фото: Facebook/Košarkaški savez Srbije