
Бизарна повреда на еден од најдобрите во НБА – се удри во противнички тренер (ВИДЕО)
Тој настрада кога при обид за шут и движење наназад, случајно згазна на помошниот тренер на Бруклин, Џорди Фернандес. Поради повредата, мораше да ја напушти играта во последната четвртина и се упати кон соблекувалната.
Минесота веќе имаше сигурна предност и успеа без поголеми проблеми да го приведе мечот до крај. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредата на Едвардс.