Пелистер: Изненадени сме од реакцијата на Алкалоид - 40 дена по поразот во Битола!

Ракометниот клуб Пелистер излезе со соопштение против неодамнешната реакција на Алкалоид во која беа споменати и битолчани иако тие не играат натпревар со нив.

Брзо по реакцијата на Вардар, Пелистер се вклучи со коментар за изјавите на официјалните претставници на РК Алкалоид.

Битолчани се изненадени затоа што 40 дена по мечот со Алкалоид и тие се споменати во реакцијата на тимот од Автокоманда.

„Пелистер не се согласува со начинот на комуникација и обвинувањата на високи претставници на РК Алкалоид поврзани со натпреварот Пелистер - Алкалоид одигран на 24 февруари оваа година. Тој дуел заврши со резултат 33-20 и по истиот немаше никакви реакции на организацијата и критериумот на делење на правдата. Четириесет дена подоцна ја сметаме за несериозна и необјективна изјавата на нашите спортски ривали дека до победата Пелистер стигнал со судиска помош и неизедначен критериум“, стои во дел од соопштението на Пелистер, а во продолжение е истото во целост: