
Флик: Уште не сме во полуфинале, фудбалот е луд спорт!
Дортмунд игра лоша сезона, па никој не ни помислува дека во таа форма може да ја совладаат Барселона со пет голови разлика во реваншот. Но, Ханси Флик не остава ништо на случајот.
„Никогаш, никогаш не смееме да помислиме дека веќе сме квалификувани. Никогаш не знаете што ќе се случи. Фудбалот е луд спорт“, вели Флик.
„Во Дортмунд треба да одиграме исто како што одигравме денеска. Тие се многу добар тим, но ние веруваме во себе“.
„Многу сум среќен, но можеме да напредуваме во некои делови. Направивме грешки“.
„Треба да работиме напорно, да тренираме многу напорно. За време на мечот одигравме добро, го аплициравме нашиот стил на игра. Нашиот менталитет“.