Меси уште е „машина“, два гола и асистенција за полуфинале на Интер Мајами! (ВИДЕО)

Аргентинецот имаше уште една одлична партија оваа сезона, ноќеска учествуваше во сите три гола при победата на Интер Мајами над Лос Анџелес од 3-1 која значеше и полуфиналео во КОНКАКАФ шампионскиот купот.

Ова беше реванш натпревар, првиот дуел го доби Лос Анџелес со 1-0, а одлично го почна и дуелот во Мајами.

Со гол на Лонг уште во 9. минута Лос Анџелес поведе со 1-0, и веќе имаше вкупна предност од 2-0. Работите не изгледаа добро за Интер Мајами, но работите во свои раце ги презема Меси.

Тој најпрво даде гол во 31. минута, но му беше поништен со ВАР технологијата. Само четири минути подоцна даде регуларен гол за израмнување на 1-1.

По 15. минути игра во вториот дел Меси асистираше до Ален кој реализираше за комплетен пресврт и водство на Интер Мајами од 2-1. Конечниот резултат во тој момент беше 2-2.

На шест минути пред крајот на мечот, Меси погоди од пенал за победа од 3-1 и конечни 3-2 со кои Интер Мајами отиде во полуфинале.