Бивш НБА-кошаркар бодел луѓе на улица со - игла за шиење! (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар во НБА-лигата, Бен Гордон бил приведен и хоспитализиран во болница откако на улица напаѓач луѓе со игла за шиење.

Гордон бил уапсен пред неговиот стан во Њујорк, а потоа се обидел да избега од болница каде што бил задржан.

Бившиот кошаркар по завршувањето на кариерата имал неколку проблеми со полицијата, а во 2017 година бил уапсен откако активирал противпожарни аларми во зграда во Лос Анџелес, по што завршил во психијатриска болница.

Во февруари 2020 година открил дека боледува од биполарно растројство, а исто така се обидел и да се убие.