Баркли распука по Ембид: Срам да му е

Легендарниот американски кошаркар Чарлс Баркли остро го искритикува Жоел Ембид за неговите изданија на Олимписките игри откако лани беше специјално ангажиран од репрезентацијата на САД.

Камерунецот со американски пасош го преседе мечот со Јужен Судан, но не остави добар впечаток ни на подготвителните дуели, а ни во Лил. 

„Се надевам дека ова ќе го разбуди, ова олимписко искуство. Не играше добро и се надевам дека ќе разбере дека треба да биде во подобра форма. Треба да му е срам поради начинот на кој играше“, рече Баркли.

На дуелите против Србија и Порторико, центарот на Филаделфија постигна вкупно 19 поени и 5 скока што е премалку за кошаркарот кој лани беше прогласен за МВП во НБА лигата.