Американците го истурија бесот: САД го здроби Иран со 54 поени разлика!

Кошаркарската репрезентација на САД ја запиша првата победа на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, и тоа против Иран со убедливи 120-66.

Избраниците на селекторот Грег Попович од првата минута доминираа во натпреварот, а по 10 минути игра водството на Американците изнесуваше 28-12, по што до полувреме се зголеми на +30 (60-30).

Во текот на третата четвртина водството на Американците се зголеми на 44 поени, а предноста растеше како минуваше времето до конечно 54 поени разлика, односно 120-66.

Дамиен Лилард беше најдобар во екипата на САД со 21 поен, додека најефикасен кај Иран беше Хамед Хадади со 15 поени.