Звезда имаше и +16, но загуби од Реал

Ревијалниот натпревар меѓу Реал и Црвена Звезда во Мадрид по голема борба му припадна на домашниот тим со 101-94.

Ниедна од двете екипи немаше резултатски императив бидејќи на три кола пред крајот на основниот дел од сезоната Реал е сигурно прв, а Звезда нема шанси за пласман во плејофот. Тоа беше можност за атрактивна и ефикасна игра во која и српскиот претставник имаше свои шанси за победа.

Најголема, водството од 16 поени разлика (70-54) во завршниот дел од третата четвртина кое, сепак, не успеа да го задржи. Реал одговори со серија од 11-0, до крајот на периодот израмни, а во драматичниот финиш успеа да дојде до победата.

Џанан Муса беше кобен за Звезда, постигнувајќи 30 поени. Исто толку на спротивната страна имаше Немања Недовиќ, но тој немаше поддршка од своите соиграчи.

РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче - Алба 103-68
Реал - Црвена Звезда 101-94
Виртус - Панатинаикос 79-81