Жалгирис ги шокираше „кралевите“, ЦСКА и Фенербахче сигурни пред својата публика

Вечерва беа одиграни неколку меча во Евролигата од третото коло, а Жалгирис Каунас успеа да слави на домашен терен против Реал Мадрид, додека ЦСКА Москва и Фенербахче славеа против Химки, односно Басконија.

Жалгирис тргна одлично во мечот против „кралевите“, па на полувреме заминаа со предност од 38-34. Шпанскиот клуб се врати во игра во третата четвртина, откако поведе со 60-57, но домаќините во последната четвртина го решија гостинот и славеа со 86-73.

ЦСКА Москва без поголеми проблеми успеа да слави на домашен терен против Химки со 99-86, додека Фенербахче славеше против Басконија со 87-80.

Останати резултати:

Баерн Минхен - Лион 104-63
Панатинаикос – Милано 78-79
Макаби Тел Авив - Црвена Звезда 84-69