Во Барса не простуваат: Пешиќ остана без титула, па си - замина!

Искусниот стратег Светислав Пешиќ денеска ја напушти Барселона, откако во текот на вчерашниот ден загуби во финалето против Басконија во драматичен финиш со 67-69.

Каталонците не му простија на српскиот тренер, кој имаше договор до 30 јуни 2021 година, па тој ќе мора да побара нов ангажман во следниот период.

„Барселона и Пешиќ се договорија за прекин на соработката, која важеше до 30 јуни 2021 година. клубот му се заблагодарува на тренерот и му посакува среќа на приватен и професионален план“, пишува во соопштението.

Пешиќ во последното обраќање кон навивачите кажа дека разделбата, сепак, била претходно договорена.

„Пред почетокот на финалната фаза од АЦБ-лигата, се договорив со клубот ова да биде моја последна сезона, зашто ја завршив мојата работа и сега треба друг тренер да се покаже на тоа место“, кажа Пешиќ.