
Уникс Казан подобар од МБА Москва, седум поени и 10 асистенции за Димитријевиќ
Екипата на Димитријевиќ го отвори мечот со 18-8, по што на полувремето замина со 34-25. Иако МБА од Москва се обидуваше да ја намали негативата, сепак не успеа во намерата и Уникс славеше со 73-58.
Дерил Мејкон со 20 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека Димитријевиќ постигна седум поени, два скока и 10 асистенции.