Уникаха го шокира Реал Мадрид и го освои трофејот во Купот

Кошаркарите на Уникаха триумфираа против Реал Мадрид со 93-79 во финалето на шпанскиот Куп и така стигнаа до посакуваниот трофеј.

Уникаха имаше одличен почеток на натпреварот поради тоа што Тејлор беше расположен за игра, но „кралевите“ успеваа да се одржат во игра, па на паузата заминаа со три поени негатива (36-39).

Реал Мадрид лошо тргна во вториот дел, а Уникаха тоа го искористи за да поведе со 64-52, по што немаше враќање во мечот за „кралевите“.

Кендрик Пери беше најефикасен со 27 поени, два скока и шест асистенции, додека Факундо Кампацо запиша 14 поени, шест скокови и пет асистенции за Реал Мадрид.