Трагедија: Бивш кошаркар на Фенербахче прегазен од пијан возач!

Турскиот кошаркар Илкан Караман го загуби животот откако во него удрил автомобил кој бил управуван од пијан возач.

Медиумите пишуваат дека возачот, кој бил под дејство на алкохол, ја загубил контролата врз возилото и влетал на тротоар каде што се наоѓал несреќниот кошаркар.

Караман во кариерата играше за Фенербахче, Бешикташ, Истанбул и други екипи.