Српски тренер го патосира колегата, па тргна да го тепа газдата на ривалскиот клуб (ВИДЕО)

Српскиот тренер на клупата на литванскиот тим Лиеткабелис, Ненад Чанак, е во центарот на вниманието на европската кошаркарска јавност поради големиот инцидент што го направи во третиот меч од финалето на литванското првенство против Литвос ритас, кога прв буквално го патосира противничкиот стратег, а потоа тргна да се тепа со газдата на ривалот.

Проблемот почна кога кошаркарот на гостинскиот тим, Каролис Гедраитис, беше удрен со лакт во лице, но судиите не досудија ништо, по што поранешниот предводник на Партизан полуде по што беше исклучен. На излегување кон соблекувалната тој се судри со Гидриус Жибенас, тренерот на Литвос, кој по судирот со Србинот падна како да бил удрен од Мајк Тајсон.

На излезот од салата, пак, Чанак беше вербално нападнат од газдата на противничкиот состав, Дариус Гуделис и вистинско е чудо што двајцата не разменија по некој удар, туку само сочно се пцуеја. Во тоа предничеше Србинот тоа на мајчиниот јазик, што убаво се гледа на видео-снимката. Во тие моменто во мешаницата сакаше да се вклучи и неговиот сонародник, Ѓорѓе Гагиќ, кој игра за Лиеткабелис, но едвај беше спречен да се додаде масла на оганот.