Скола се врати во Европа: Потпиша за италијанскиот гигант на 40 години

Сребрениот Аргентинецот од Светското првенство во кошарка што заврши пред неколку недели во Кина се враќа во Европа. На 40-годишна возраст, Луис Скола, потпиша за Олимпија Милано, каде ќе игра под „палката“ на Еторе Месина.

После 12 години и заминувањето од Тау Керамика, Скола се враќа во Европа благодарение на одличните игри на СП.

Во својата кариера Аргентинецот помина 10 години во НБА лигата, по што замина во Кина каде играше за Шангси и Шангај. Во богата кариера се издвојуваат две светски сребрени и бронзени медали, како и злато од Олимпијада.