Скола е незапирлив: Аргентинецот на 39 години се враќа во Европа?

Еден од најдобрите кошаркари на Светското првенство во Кина, Луис Скола би можел повторно да се врати во Европа, иако има 39 години.

Скола покажа дека годините се само бројка, а неговиот квалитет го препозна претседателот на Реал Мадрид, Хуан Карлос Санчез, кој сака да го ангажира Аргентинецот.

Санчез сакаше да го ангажира Скола и пред пет години, но тогаш трансферот не се реализираше, па сега со нов обид ќе се обиде да го убеди Аргентинецот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Скола има понуда и од кинески клубови, па Аргентинецот наскоро ќе ја донесе конечната одлука.

Секако, негова главна желба е да ги дочека подготвен Олимписките игри, кои наредното лето ќе се играат во Токио.