Шпански кошаркар плати за да ја напушти Валенсија и да замине во Реал Мадрид

„Еурохупс“ објави дека шпанскиот кошаркар Алберто Абалде решил да ја напушти Валенсија по четири години минати во тимот и кариерата да ја продолжии во Реал Мадрид.

Абалде ја платил откупната клаузула на Валенсија, со што ја прекина соработката, по што негова следна станица во кариерата ќе биде „кралскиот клуб“.

Шпанецот на крајот на минатата сезона беше избран во најдобрата петорка во шпанската лига, а во завршната фаза постигнуваше во просек по 14,8 поени, три скокови и 3,8 асистенции по натпревар.