Шпанска пресметка во евролигашкиот плејоф: Басконија преку Виртус до дуел со Реал
Одлучи третата четвртина која поранешниот шампион на Шпанија ја дови со 31-16 и во тие моменти го скрши отпорот на противникот. Виртус пред три дена направи изненадување на гостувањето кај Анадолу Ефес и се избори за денешниот дуел, но немаше сили за нов подвиг. Маркус Хауард со 28 поени, вклучувајќи 8 тројки, беше прв играч на натпреварот и најзаслужен што Басконија пак ќе игра во плејофот.
Таму, противник ќе ѝ биде Реал Мадрид, најдобриот тим по основниот дел од сезоната, кого го совлада како гостин во претпоследното коло, пред две недели. За Виртус завршува сезоната на европска сцена и ќе може да се насочи на обврските во домашното првенство.