Шок во Минхен: Кошаркар на Баерн имаше мозочен удар!

Германските медиуми вчера објавија дека кошаркарот на Баерн Минхен, Пол Зипсер имал мозочен удар поради што бил пренесен во болница, каде што бил опериран.

Баварскиот гигант наскоро ја потврди веста на медиумите и објасни дека нивниот кошаркар имал мозочен удар, поради што морал да оди на хируршки зафат, но неговата состојба во моментов е стабилна.

„Пол се рехабилитира и само тоа може да го кажеме за неговата состојба. Исто така, ја молиме јавноста да ја почитува приватноста на кошаркарот и неговото семејство“, соопштија од Баерн.

Зипсер се пожалил на главоболка и проблеми при движењето поради што бил испратен во болница, каде што било констатирано дека мора да оди на операција.