Шенгелија прогласен за предавник во Грузија по потписот за ЦСКА Москва

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабашвили го нарече предавник нејзиниот сонародник и кошаркар Торнике Шенгелија, кој се пресели во ЦСКА Москва.

Шенгелија е капитен на репрезентацијата на Грузија, а интересно е тоа што професионалната кариера ја почна во Шпанија во 2008 година.

„За мене како претседателка на Грузија неприфатлива е одлуката капитенот на нашиот национален тим да оди во Москва“, напиша Зурабашвили.

Оваа изјава следи откако во минатото Грузија и Русија имаа политички проблеми, а Шенгелија веднаш реагираше на нејзината изјава.

„Немам намера да се правдам. Играм кошарка. Ова нема да го промени мојот однос кон Грузија“, кажа Шенгелија.