Северниот сосед изневерен како никогаш до сега: Панатинаикос го краде фаворитот за селектор на Србија?!

Игор Кокосков би можел да ја продолжи својата тренерска кариера на клупата на Панатинаикос, пишуваат грчките медиуми.

Во последните месеци се шпекулираше дека Кокошков ќе ја превземе селекторката функција во репрезентацијата на Србија, но неговиот следен ангажман најверојатно ќе биде во Грција, каде ќе го предводи Панатинаикос. Во овој клуб не „цветаат рози“ во новата сезона, а поради лошите резултати данокот го плати сегашниот тренер Аргирис Педулакис, па раководството на тимот од Атина сака да го ангажира 47-годишниот Кокосков.

Во време на својата тренерска кариера, Кокосков го помина поголемиот дел од времето во НБА. Работеше како асистент во Лос Анџелес Клиперс, потоа во Детроит, Кливленд, Орландо, Јута, Феникс..., а неговиот најголем успех беше златниот медал со селекцијата на Словенија на Европското првенство во 2017 година.