
Реал Мадрид го уништи Макаби Тел Авив во Евролигата
„Кралскиот клуб“ уште во првата четвртина најави дека го чека потоп тимот од Израел (36-21), а на полувреме водството на Реал Мадрид изнесуваше 52-41.
Реал Мадрид во вториот дел сè повеќе го засилуваше темпото и го полнеше кошот на Макаби за на крајот да слави со 99-70.
Таварес постигна 19 поени и осум скокови за Реал, додека Браун беше најефикасен кај Макаби со 16 поени, пет скокови и девет асистенции.