Реал Мадрид го распарчи Фенербахче среде Истанбул

Кошаркарите на шпанскиот гигант Реал Мадрид го декласираа Фенербахче среде Истанбул со 85-71 во 11. коло од Евролигата.

„Кралевите“ моќно го отворија првиот дел од мечот и ја добија првата четвртина со 25-16, по што Фенербахче не успеа да се соземе по почетниот шок и дополнително им овозможи на гостите да го зголемат водството (46-34).

Фенербахче целосно се изгуби на паркетот, а тоа го користеше Реал Мадрид за да стигне до максимални +23 (64-41), а до крајот на средбата турскиот гигант намали само во еден момент на 11 поени негатива (62-73), но „кралевите“ до крајот зголемија на 85-71.

Реал Мадрид со осум победи и три порази е втор на табелата, додека на првата позиција останува Фенербахче со девет триумфи и два порази.

Џонатан Мотли постигна 20 поени и седум скокови за Фенербахче, додека Џенан Муса со 18 поени беше најефикасен кај Реал Мадрид.

Во вториот меч вечерва Панатинаикос славеше со убедливи 81-67 против Жалгирис Каунас.