Празник за очи: Танцот на Ненад Димитријевиќ против ЦСКА... (ВИДЕО)

Веќе нема сомнение дека Ненад Димитријевиќ ќе биде прогласен за МВП на сезоната во ВТБ лигата, но она што го игра тој последните месеци е убавина за очи.

Македонскиот репрезентативец е во фантастична форма, убедливо најдобра во кариерата, подобра дури и од ланското финале во ВТБ лигата кога исто така беше прогласен за МВП и го одведе Уникс до титулата.

Денеска Димитријевиќ го растури осумкратниот европски шампион, постигнувајќи 40 поени во клучниот меч за првото место по основниот дел и оствари индекс 52 што се негови лични рекорди, но оствари уште неколку големи достигнувања. Првпат погоди седум тројки и го забележа вториот најефикасен меч сезонава во ВТБ лигата (рекордот на ова натпреварување во актуелната натпреварувачка кампања изнесува 42).