
Познато колку пари заработи Партизан од Евролигата
Партизан сезоната ја заврши на шесто место на табелата, а за тоа доби 645.112 евра, по што на таа сума треба да се додадат и 825.000 евра за триумфи во Евролигата.
„Црно-белите“ оваа сезона само од елитното кошаркарско натпреварување заработија 1.470.112 евра, додека дополнителен приход има од продажбата на билети за дуелите со Реал Мадрид, од кои заработи 600.000 евра.