
Партизан загуби од Барса, но останува на чекор до „топ осум“ во Евролигата
Лошата трета четвртина во која Барселона избега на плус осум го најави поразот на „црно-белите“, кои се вратија во мечот на стартот на последниот период, но Данте Егзум кој даде 24 поени не можеше сам против Каталонците предводени од Никола Миротиќ.
Партизан дојде на минус три (63-66) на шест минути пред крајот, но потоа немаше сили, а Миротик и Лапровитола ја одведоа Барселона до големи плус десет и на крај рутинска завршница за триумф.
Следен меч на Партизан е в петок против Реал Мадрид.