Партизан немоќен во Истанбул: Фенербахче ги „смрзна“ црно-белите на „минус 17“!

Кошаркарите на Партизан го доживеаа и петтиот пораз во Евролигата откако Фенербахче во Истанбул ги победи со резултат 89-72.

Партизан вечерва го игра најлошиот натпревар во евролигашката сезона во секој сегмент од играта. На црно-белите им недостасуваше енергија и желба, а тоа домаќинот знаеше да го искористи.

Освен почетното водство од 0-2, Партизан се држеше во егал се до 11-11 кога Брендан Дејвис ја погоди првата тројка за својот тим. Од тој момент започна распадо на гостинскиот состав.

Како што времето одминуваше така и предноста на турскиот гигант растеше, а на пауза домашниот тим имаше „плус 13“ (44-31).

Второто полувреме не донесе некоја промена во играта на Партизан, па така набрзо стана јасно дека бодовите остануваат во Истанбул. Партизана остана само на два триумфи и сега е многу поблиску до дното на табелата отколку до врвот.

Најефикасен во Партизан беше Франк Ниликин со 14 поени, додека за Фенербахче Најџел Хејс уфрли 24 поени.