Партизан ќе треба да плати казна поради - Гробарите!
Прво стигна информацијата дека Евролигата го казни Теодосиќ поради недолично однесување кон судиите на мечот со Ефес, а сега дека казна ќе треба да плаќаат и од таборот на Партизан.
За среќа на црно-белите казната која ќе треба да ја платат поради Гробарите не е голема, изнесува само 3.000 евра.
Навивачите на Партизан на мечот со Валенсија имаа недолични скандирања кон претседателот на Србија Александар Вучиќ, но и вадеа пароли против хрватската кошаркарска икона, Дино Раѓа.
Претходно Евролигата го казни кошаркарот на Црвена звезда, Теодосиќ со суспензија од два меча и 15.000 евра поради недолично однесување.