Партизан го урна Олимпијакос во Белград - голема победа за црно-белите!

Партизан со убедливи 90-75 го победи лидерот во Евролигата, тимот на Олимпијакос, момците на Обрадовиќ направија крупен чекор кон место во плејофот.

Црно-белите продолжуваат со фантастичните изданија во Евролигата, такво беше и денешното против големиот Олимпијакос.

Грчкиот тим во Белград пристигна со обезбедено место во плејофот, па мотивацијата беше на страната на Партизан, тие имаа и огрмна поддршка од своите навивачи кои на крајот се израдуваа на победа.

Неизвесно беше само во првата четвртина, но и таа му припадна на Партизан кој од вториот период почна да се одлепува, ја контролираше предноста до крајот и дојде до заслужена победа од 90-75.

Нанали со 19 поени беше најефикасен кај Партизан, Пантер постигна 17, Ексум 15. Во составот на Олимпијакос Мекисик постигна 21 поен.

Во останатите дуели од Евролигата, Фенербахче со 87-79 го совлада Жалгирис, Монако со 90-79 беше подобар од Валенсија, а Реал Мадрид со 96-79 славеше гостинска победа кај Виртус Болоња.