Панатинаикос пак ја стресе Европа: Охриѓанецот Џеди Осман ќе игра за европскиот шампион
Нов играч на актуелниот евриопски шампион е охриѓанецот Џеди Осман кој во Панатинаикос доаѓа од Сан Антонио Спарс, а се враќа во Евролигата по седум години поминати во НБА.
„Добро утро од три причини. Првата е дека ривалите во Евролигата значително се засилија пред новата сезона. Втората е дека одам во Сунио, а на крајот, дозволете ми да објавам дека од овој момент Џеди Осман е играч на Панатинаикос“, рече Јанакопулос на Инстаграм.
Џеди Осман беше многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, интерес постоеше и од Партизан и Анадолу Ефес, но во последен момент во игра влегол Панатинаикос кој дал понуда која охриѓанецот не можел да ја одбие. ПАО ќе биде втор европски клуб во неговата кариера откако од 2012 до 2017 година настапуваше за Анадолу Ефес и со тој клуб дебитираше во сениорска конкуренција. Во Панатинаикос ќе работи со Ергин Атаман кој му е и селектор во турската репрезентација.