Олимпијакос пресилен за Партизан, Барселона го освои Берлин

Кошаркарите на Партизан загубија на гостувањето кај Олимпијакос со 70-82, додека Барселона ја прегази Алба Берлин со 99-85, а Анадолу Ефес со 89-68 го совлада Виртус Болоња во 28. коло од Евролигата.

Олимпијакос го отвори мечот со 27-18 и продолжи да ја зголемува предноста до крајот на првото полувреме (46-32). Партизан во второто полувреме се мачеше на паркетот, па негативата достигна и -20 (37-57), меѓутоа во завршницата се избори за попристоен пораз.

Џонс со 17 поени, четири скока и четири асистенции беше најдобар кај Партизан, додека Везенков запиша 17 поени, шест скокови и две асистенции за Олимпијакос.

Барселона триумфира на незгодното гостување во Берлин, иако немаше најдобар почеток и губеше со 18-20 по првата четвртина, но потоа до полувреме успеа да го сврти мечот во своја корист (41-39).

Големата борба меѓу Алба и Барселона продолжи во третата четвртина, додека каталонскиот гигант го скрши отпорот на ривалот во последните 10 минути и славеше со 99-85.

Најефикасен во победата на Барселона беше Паркер со 21 поен, додека Хернангомез постигна 15 поени.

На останатите натпревари, Асвел загуби од Макаби Тел Авив со 95-102, додека Анадолу Ефес беше подобар од Виртус Болоња со 89-68.