„Обрадовиќ дури четири пати ми понуди до пензија да останам во Партизан!“
Ветеранот и претседателот на црно-белите, Остоја Мијаиловиќ, имаа индиректна, но остра дискусија во последните неколку дена преку социјалните мрежи, а епилогот е дека Американецот нема да биде дел од црно-белата чета во следната сезона. Нанели поради ова ги искажа своите фрустрации преку социјалните мрежи, а во една од објавите на Инстаграм, фан му кажа на Нанели дека сака да остане до крајот на кариерата во Хумска.
„Да, и јас сакав. Жоц најмалку четири пати оваа година ме замоли да останам додека не одлучам да се пензионирам. Но, добро...“, одговори искусниот бек.
Нанели професионалната кариера ја почна во 2012 година во грчка Кавала, а играше и во Џи лигата, Атланта, Филаделфија, Естудијантес, Макаби Ашдод, Фенебахче, Минесота, Хјустон, Олимпија од Милано, Шангај Шаркс и Макаби од Тел Авив. А, каде ќе игра следната сезона во моментов никој не знае.